Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, March 27, 2013

Матка-Водно-Скопје(24.03.2013)

Неделното долго трчање овојпат го резервиравме за Матка-Водно. Тргнавме со автобусот во 7:00 од Скопје кон Матка, Јовица, Ѓоре, Светле и јас. Самата помисла на студените дрвени седишта ме одбиваше од возењето со автобусот но за среќа патувавме со нешто понов бус. 


Од Матка кон Водно
Од последната станица веднаш почнавме со искачување кон Св. Никола Шишевски повремено трчајќи. Од Св. Никола Шишевски до сртот кон Водно води прилично стрмно искачување.

Кратка пауза за чај па се упативме кон котата
На врвот на Водно се разделивме со Ѓоре кој одлучи да продолжи кон дома, а ние се продолживме кон котата. Овде треба доста внимателно да се трча поради камењата кои што се присутни. Повторно имавме кратка пауза и следуваше спуштањето кон детското одморалиште и Средно Водно.  

Одлично време, одлични патеки за трчање
На Средно Водно не напушти Јовица па за да имаме што поголема километража решивме да појдеме кон Марково Крувче и пак назад. Спуштањето од Средно Водно го направивме дел по асфалтот дел по патеките.

Мапа на патеката

Од полициската станица до кејот на Вардар веќе имавме 40km што беше сосем доволно за овој неделен долг тренинг.

Профилот на патеката
Вака одеа времињата:
Матка-Св. Никола Шишевски  2.18km 0:27:09
Св. Никола Шишевски-врв Водно 9.28km 1:28:32
врв Водно-кота 7.17km 0:51:02
кота-детско одмаралиште 6.08km 0:44:12
детско одмаралиште-средно Водно 2.67km 0:16:09
средно Водно-Марково Крувче 2.11km 0:13:09
Марково Крувче-Средно Водно 2.00km 0:12:15
Средно Водно-полициска станица 4.17km 0:24:23
полициска станица-кеј на Вардар 4.46km 0:25:12

No comments:

Post a Comment