Во текот на претходниот викенд на Галичица во организација на МАИВП(Македонска асоција на интернационални водачи во планина) се одржа еден од неколкуте тематски зимски семинари кои се планираат за оваа зима.
|
Тргнавме нешто погоре од Зли Дол движејќи се главно по патот |
Стигнавме со мало задоцнување на часовите кои беа во тек. Сместувањето беше во домот на Црвен крст и во шатори. Сепак некои ја искористија шансата ноќта да ја поминат во новонаправените биваци, што беше и една од темите кои ја покривме на семинарот.
|
Вака изгледаше превојот на Галичица |
Од она што го работевме беше градење на бивак, профил на снег, сидришта во снег(ова го пропуштивме) и секако теоретски предавања за превенцијата од лавини и структура на снег.
|
Изработка на снежен профил |
|
Спуштањето од Зли Дол |
|
Зли Дол |
Останаа уште неколку работи кои требаше да се покријат но поради недостатокот на време тоа би останало за наредниот семинар кој се планира наскоро.
No comments:
Post a Comment