По долго пребарување на многу уреди од ваков тип го пикирав овој бренд и модел најмногу поради GPS уредот и визуелноста(има малку поголем екран од останатите како на пример Garmin Forerunner 410 кој исто така беше опција) и траењето на батеријата.
Уредот е набавен од УСА преку Амазон и таму чини 260 УСД. Овде во Македонија најверојатно би можел да се набави преку овластен дилер но би чинел најмалку два пати повеќе од цената во УСА.
Прва проба |
Во кутијата покрај уредот се наоѓаат: адаптер за полнење со неколку приклучоци за струја(преку кои може да се полни уредот), USB кабел(преку кој може да се полни), USB Stick за размена на информации помеѓу уредот и компјутер, појас за мерење на пулс, CD прирачник за користење, упатство за користење.
За првото полнење беа потребни 2,5 часа, а батеријата би требало да трае 20 часа. Префрлаувањето на податоците оди релативно брзо со тоа што најпрвин мора се инсталира Garmin Conect и да се активира свој профил во него.
Програмот Garmin Conect нуди изобилство од планови за тренинг, планирани рути кои може да се цртаат во програмот и да се префрлаат на уредот, креирање на тренинзи...
Уредот нуди повеќе опции за спорт како трчање, велосипедизам и пливање. До сега уредот го користев за трчање и велосипедизам и дава одличен преглед и информации. Зависно од подесувањето дава информации на секој километар/милја и секој круг, автоматски, или по желба може мануелно. Во самиот уред може да се креираат тренинзи по желба, како што се интервалните тренинзи(подесување на време или должина и одмор), подесување на темпо со виртуален партнер...
GPS навигацијата која автоматски се вклучува исто така функционира одлично и доколку имате внесено мапи во уредот би добиле уште попрецизна слика за тоа каде се наоѓате.
Доколку тренирате во затворен простор потребно е да се има т.н. foot pod кој се купува дополнително.
И за крај можам да кажам дека ова е одличен уред кој во многу работи ќе ги унапреди вашите тренинзи давајќи ви одличен предглед за постигнатите резултати, остварување на вашите зацртани цели и секако еден мал стимул да тренирате повеќе.
Полнењето на уредот со штипка |

No comments:
Post a Comment