Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, January 16, 2013

КУРТОВО ЌУЛЕ (13.01.2013)

Еве ја и првата тура за оваа 2013 година. Некои веќе сезоната ја започнаа со искачувањето на Кобилица. Овојпат беше предвидена предвидена пократка тура таман како за почеток на Новата година. Стартувавме од с.Жировница(околу 1000 м.н.в), прекрасно село, налик на некое алпско со многу гостопримливи и пријатни луѓе како Даут Јашари, ренџер во НП Маврово, кој не водеше на оваа акција. 


Веднаш по излезот од Жировница сончеви зраци го облеаја Куртово Ќуле(2082 м)

За изненадување и за пофалба беше бројот на учесници, околу 27

Следуваше пешачење низ шума и веднаш по излезот следуваше јака стрмина која водеше до врвот

Беше гужва на врвот
На врвот имавме одлична видливост на Корабскиот масив, прекрасните гребени... Неколкумина решивме да продолжиме кон следниот врв Јаворско Брдо(2155 м) до кој води интересен гребен . 



На самиот врв времето се влоши и колегијално решивме дека најдобро е да се вратиме назад. Штета а имаше уште неколку интересни врвови кои ги оставаме за некоја следна акција. Во Жировница некој фати во слаткара некој во кафеана за да уживањето да биде комплетно.


*фотографии на Петар Герасимов








No comments:

Post a Comment