Повторно тргнавме во испитување на нови места за трчање. Овојпат на крајниот исток, во околината на Пехчево. Трајче имаше спремено неколку варијанти на патеки со должини од 25км и 35км. Тргнавме по земјениот пат заедно со огромната планинарска група и на првото свртување се упативме кон парк шумата Скокото. До Ченгино Кале водеше широк земјен пат, прекрасен за трчање. Дури и неколку кучиња не можеа да им одолеат на прекрасните терени за трчање иако. На врвот сепак се одлучивме да си ја фатиме пократката и заедно да се спуштиме со планинарската група. Ги разгледавме и водопадите коие се вистинка атракција во овој крај.
![]() |
| Убаво уредени патеки и мостови |
