Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, April 16, 2013

STIP TRAILS (14.04.2013)

Околу секој град во оваа наша мала држава можат да се најдат интересни места за трчање. Некогаш може тоа да бидат помалку оптеретени асфалтни патишта, некогаш скалила, а некогаш ридски или планински терени(доколку ги има). А Штип ридските  терени ги има во изобилство. Секако потребно е нивно познавање, но и без тоа само со малку истражување може да се направи добар тренинг или прошетка. 


Како група еднаш до два пати секоја година трчаме на некој дел во близината на Штип и оваа година како генерална проба пред Фрушка Гора, Трајче испланира патеки од 40km и 20km. Најавата за ова трчање течеше нешто повеќе од недела и уште од самиот почеток голем број на луѓе пројавија интерес. Планот беше да се почне од бањата Кежовица и да се заврши со капење. 


Наликуваше на мала трка или масовен тренинг бидејќи толку многу луѓе ретко се собираме за трчање. Почнавме околу 08:30 и за кратко излеговме на земјените патишта, нешто преку приватен имот нешто по козји патеки, и еве не на првата чешма, Митрина, пред село Драгоево. Во селото имавме мала дилема по кој пат да фатиме и за среќа избравме имавме широк земјен пат кој дозволуше трчање/брзо одење зависно од наѓибот. Прогнозата за облачното време падна во вода како што се ближеше пладне па кремите за заштита од сонце почнаа да кружат од рака на рака. 


Во селото Љуботен се разделивме со оние што планираа да ја трчат пократката патека(на крај испадна дека не е толку кратка) и си продолживме кон наредното село Балталија. Овде имавме и река за преминување па ретко кој не се наводени. 


Го поминавме и напуштениот рудник за кварц и следуваше селото Танатарци. До него води широк земјен пат со благи угорници. Мало село со околу десетина куќи скоро напуштено. По благото искачување над селото, од каде се пружеше одличен поглед кон Пилав Тепе и Плоча, патот не водеше кон село Чифлик. Некако успеавме да го пропуштиме свртувањето кон Чифлик што значеше некој километар помалку и никој не беше против. 


Следуваше рамен, прав како „пушка“ пат и таман пред спуштањето кон Струмина Чешма се сретнавме со групата која ја трчаше пократката патека. Остануваа уште неколку километри до бањата, од каде што стартувавме, но веќе сите уморни речиси и да го пропешачивме овој последен дел. 


GPS-от на крај покажа 39km со 1250m +D за подолгата рута и 28,5km со 1073m +D за пократката рута. Некои се одлучија да појдат во бањата и малку да се релаксираат по ова трчање за што верувам дека не зажалија. 
Се надевам дека сите уживавте и наскоро пак ќе се видиме на патеките околу Штип!

No comments:

Post a Comment