Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, June 11, 2013

Pirin Run(09.06.2013)

Во организација на здружението Маратон и Salomon Challenge трета година по ред во Банско се одржа  Pirin Run. Како што напомена и самиот организатор и по кажувања на останатите учесници ова е најтешката трка во Бугарија. Должината од 13km и 2000m +D дефинитивно го потврдуваат овој факт. За разлика од претходната година овојпат тројца се нафативме на овој предизвик, Марјан, Светле и јас. Стигнавме ден пред трката заедно со нашата екипа/експедиција(Петар, Татјана, Ѓоре, Марина, Тања М. и Александар). Имавме доволно време да се пријавивме за учество, да помуабетивме со нашите колеги од Бугарија и  да уживавме во богата „pasta party“ во хотелот Кемпински. Стартот беше закажан за 10:00. 

Супер Марјан, стартен број 11. место 11 со време од 2:10:45
Прогнозите најавуаа релативно добро време без посериозни врнежи и температури под 5C и тоа на врвот. Речиси идеални услуви за трчање. Сепак до првата контролна точка, Бандеришка Полјана, не следеше силно сонце кое полека се губеше како што добивавме на висина. Теренот од стартот до хижа Вихрен води по скијачката патека се до Бандеришка Полјана а потоа низ борова шума до самата хижа Вихрен каде беше и втората контролна точка.Овој прв дел во должина од 10km нуди „само“ 1000m +D. Останите 1000m +D се состојат во само 3km што ја прави оваа трка исклучително тешка. Најбрзите се „одлепија“ уште на стартот. Немаше потреба од форсирање бидејќи силите мораа да се зачуваат за финишот. 

Седлото, едно од ретките места за трчање
Нешто пред втората контролната точка каде организаторот ги имаше обезбедено ќесите со потребната опрема, храна и течност кои ги спакувавме пред стартот, Марјан ме пројде и со брзо темпо продолжи кон врвот. За момент застанав да земам облека за врвот и да голтнам малку вода(грешка направив што не земав и храна). Знаев дека по пат има неколку потоци од кои може да се пие вода и дека немам потреба од дополнителна количина. 

Голема благодарност до нашата екипа за подршката
Благодарам за урмите Ѓоре!
Стрмнината е безмилосна и потребна е голема сила за такво брзо искачување. Освен делот пред седлото и самото се останато за мене беше невозможно за трчање. Сепак гледав некои силни момци како трчаат на некои стрмни делови. За моја среќа нашата екипа/експедиција која се беше упатила кон врвот рано изутрината ме пресретна на самото седло и енергијата веднаш порасна на повисоко ниво,  повеќе поради нив а помалку поради урмите кои Ѓоре ми ги даде. За миг врвот ќе се исчистеше од облаци и повторно ќе се затвореше. Затоа решив да ги следам поставените маркации, најсигурниот пат до врвот. Марјан со време од 2:10:45 веќе беше на врвот и ме чекаше заедно да се спуштиме надолу(јас финиширав со време од 2:15:00). 

Светле со насмевка го искачи Вихрен и финишираше со 3:08:58
Студеното време на врвот не принуди што побрзо да го направиме спуштањето каде што јас сретнавме Светле која го беше изминала седлото под врвот и чекореше кон завршниот дел. Остатокот од екипата ги следеше настаните од хижа Вихрен каде не пречекаа и заедно се упативме кон Банско. И тие при искачувањето кон Вихрен исто така ги искусија тие фамозни последни 3km и ја имаа преставата за тежината која ја има оваа трка. 

Патеката од Банско до Вихрен
Доказ дека патот до врвот е тежок

*фотографии на Петар Герасимов


No comments:

Post a Comment