Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, May 29, 2013

Копрен 24ч(25-26.05.2013)

Уште со самото појавување овој настан го разбуди љубопитството во нас. Побрзавме да се пријавиме за да го фатиме рокот од 5евра до 15 мај после кој котизацијата изнесуваше 15 евра. Прифатлива цена со оглед на тоа дека на котролните точки единствено беше обезбедено вода. Стартот беше во селото Дојкинци одалечено 40км северо-источно од Пирот. Патот до таму исполнет со многу кривини и дупки што бара многу внимателно возење. 
Копрен(1963m) е еден од највисоките врвови во Србија(инаку највисок е Миџор со 2169m и воедно највисок врв во Србија) на планинскиот масив Стара Планина, кој се протега од југо-источниот дел на Србија па се до Црното Море, и се наоѓа на самата граница со Бугарија. 

Вежбавме и движење со стапови
Настанот опфаќаше трка со велосипеди и трчање/пешачење со две комплетно различни патеки. Натпреварувачите и во двете трки беа поделени во две категории: хоби и експерт. Разликата беше во тоа што единствено категоријата експерт се наградуваше. Велосипедската трка беше кружна за разлика од трејл-от кој беше искачување до врвот и симнување по истата патека. На прв поглед можеби изгледа монотоно но секое качување беше различна приказна. При пријавувањето натпреварувачите добиваат стартен број и книшка која треба да се перфорира на дадените контролни точки. Првите два круга(искачување и спуштање е еден круг) се чекираше на стартот, некаде на половина патека и на врвот додека по изминувањето на овие два круга беа додадени уште две контролни точки. Трката почнуваше во 10:00.
На стартот се појавија околу педесетина натпреварувачи во двете трки што за прва година е доволен број. Ние (Перо, Тања М., Светле и јас, единствено Ѓоре не сакаше да се натпреварува сепак си тргна со нас кон врвот) си тргнавме сосема полека не бркајќи се со времето кое онака го имавме во изобилство. Најголемата стрмина започнува веднаш по излезот од селото кое е на 875m. Потоа патот малку зарамнува и дозволува трчање се до првата контролна точка, а потоа повторно стрмо искачување кон врвот со мали рамни делови но зарастени со грмушки  на кои може да се трча. Патот до врвот беше релативно добро измаркиран со црвено-бели маркации на дрвата  но при спуштањето недостасуваа маркации што придонесе за кратки губења. Како што доаѓаа стрмнините така и нашата група се развлекуваше и јас на контроланата точка која требаше да се најде на врвот но беше спуштена нешто пониско(само на првиот круг)   стигнав со Драган од Чачак. При спуштањето од врвот започна да врне комбинација од дожд и град со грмотевици. До самиот финиш на првиот круг веќе бевме потполно мокри. Сепак шаторите во близина на планинарскиот дом во кои преноќивме ни ги нудеа потребните удобности со храна и облека па нешто повеќе од пола час ги ползував тие поволности. За вториот круг односно за текот на денот немаше јасна прогноза па остануваше да се проба. Истата патека но овојпат со многу подобри услови со исклучок на врвот каде дуваше многу силен северен ветар. Овојпат се најдов со Драгиша, учесник на овогодинешниот Скопски маратон, и заедно кроевме планови за наредниот трет круг. Дури пробавме да го „врбуваме“ и Драган од Чачак кој го сретнавме при спуштањето. Светле и Тања беа на десетина минути позади него и ја завршуваа првата половина од вториот круг. На финишот на вториот круг бев прв и се двоумев што понатаму. Решивме со Драгиша да го сочекаме и Драган кој требаше за кратко да биде на финишот и заедно да тргнеме на третиот круг. Со секоја измината минута желбата да се тргне повторно беше се помала. Не сакав повторно да искусам ветрот на врвот кој ме смрзнуваше. Драган стигна и немаше намера да продолжи повторно. И Светле и Тања успешно го завршија вториот круг. Температурата постепено паѓаше па морав да позајмам и ќебе од планинарскиот дом кој се наоѓа на излезот од селото и нудеше евтино сместување за само 200 динари(2 еур). 

На контролна точка со Драгиша
Заедно со Драгиша и Светле решивме да пробаме рано изутрина повторно да направиме уште еден круг. Во 04:00 и бевме спремни да тргнеме повторно. Нов ден и нов почеток. Трет последен круг во кој најмногу уживав. Речиси сите контролори ги фативме на спиење(без замерка беше многу рано). Имаше само неколку луѓе на патеката кои решиле да го искористат преостанатао време до 10:00. На врвот,каде контролорот беше засолнет во шатор и само тој знае како ја поминал ноќта, повторно не дочека силен ветар. Имавме доволно време за спуштање до долу но сепак решивме со Светле да трчаме колку што можеме повеќе како еден вид на симулација за наредната трка, Лаваредо. Спуштањето ни одеше одлично и во 9:15 бевме на финиш токму кога нашата „експедиција“ тргнуваше кон водопадот Тупави. За кратко се спремивме со Светле и на целата должина од околу 90км за двата дена додадовме уште 10км пешачење. Додека ние уживавме во прекрасниот водопад се одвивала церемонијата на доделување на награди но поради нашето отсуство наградите ги подигна Александар Буцевски кој поради мокри патики не тргна кон водопадот. Светле беше најсупешна во својата категорија и во генерален пласман во женска категорија што посебно ме радува додека јас бев втор во својата категорија.
Без форскирање Светле и јас за 24ч поминавме околу 90км со 3500m +D како една добра подготовка за Лаваредо. Тања Манчева помина одлични 60km со 2500m +D додека Петар и Ѓоре поминаа 30km со 1250m +D.
Со победничката!


Уште малку па Копрен


Драгиша и Светле на Копрен
Водопадот Тупави, вистинско уживање!

No comments:

Post a Comment