Next race: www.highscardusultra.com

Friday, June 3, 2016

Мариово(28-29.05.2016)

Причината да се појавивме во Мариово беше настанот Mariovo Off-Road Expirience 2016. Како претставници на ТРЕКС и промотори на Крали Марко Трејлс бевме задолжени за тркачкиот дел на овој настан кој главниот акцент го имаше на планискиот велосипедизам но покрај тоа имаше и планинарење, аеробик на отворено и качување на болдери. Планот беше и саботата и неделата да направиме трчања/тренинзи поделени во две групи.

Камп за мерак

Саботата пристигнивме во село Манастир, каде што беше базата на овој настан, нешто пред пладне речиси во најголемата жежтина. Групата во која што бев трчаше најпрво по асфалтот во правец на Витолиште и веднаш на првото свртување се упативме кон село Полчиште каде убаво се освеживме со прекрасна вода од селската чешма. Од таму фативме најпрво во правец југ каде што Трајче имаше нацртано патеки на ГПС-от и по изминати 15km решивме дека најпаметно е да вратиме назад и да зачуваме енергија за утре. Враќањето го направивме преку село Бешиште каде повторно моравме да надополниме вода. Од Полчиште до Манастир, некаде на 15km,  ни се придружи и едно кученце кое некаде пред зајдисонце го повторно го видовме во Манастир како лута веројатно исцрпено од трчањето. Другата група направи искачување на врвот Скрка од каде има прекрасен поглед на Мариово и низ Белчиште се врати до Манастир.

На чешма во Полчиште
Ден 1
Неделата беше резервирана за подолг тренинг поради што тргнавме и малку порано, исто така во две групи. Групата во која бев имаше намера да стигне врвот Голем Козјак на самата граница со Грција. Патеката до селото Полчиште веќе беше јасна од претходниот ден и без грешка стигнавме до таму. Таму не пречекаа неколку луѓе распрашувајќи се за кученцето кое ни се придружи претходниот ден. На крај дојде една бабичка која го чувала кучето и беше видно вознемирена. И кажавме дека се обидовме да го предомислиме и дека моментално се наоѓа во Манастир(се до нашето заминување од Мариово кучето сеуште беше во Манастир и се надевам дека успешно се вратило во Полчиште). Од чешмата слично на претходниот ден фативме во правец на југ и излеговме на широк земјен пат кој благо искачуваше. За среќа навлеговме во шума заштитувајќи се за некое време од жежтината. Барајќи ја Орлова Чешма наидовме на поток кој ни беше од огромна корист. Веќе бевме навлезени во 20km и доволно уморни за да се враќаме назада и да го оставиме Голем Козјак за некои идни времиња. Овојпат се вративме по патот над Полчиште и се приклучивме на патот по кој и дојдовме. Другата група пак имаше трчање до село Зовиќ.

Ден 2
Ова беше одлична можност да се запознаеме и со овој дел од Мариово(претходно имаме трчано во делот на Бонче и Штавица) и да истражиме нови места за вакви авантури. А верувајте вакви места во Мариово има премногу!

No comments:

Post a Comment