Next race: www.highscardusultra.com

Sunday, November 1, 2015

Krali Marko Trail(26.09.2015)

Мојот омилен настан, мојата омилена трка. Сите расневме заедно со него и како тркачи и како волонтери. Секогаш ќе бидам горд на овој настан. 
Целта за оваа година беше да бидам подобар од претходната. Барем временски. Во тоа успеав комплетно подобрувајќи го минатогодишниот резултат за речиси половина час.
Трката почна одлично за мене  и некаде пред Плетвар се издвоивме заедно со Марија и Константин од Бугарија. На спуштањето од Козјак Марија заостана неколку минути но повторно ни се приклучи пред контролната на Присад. Трчаше со одличен ритам два пати приклучувајќи ни се на мене и Константин кој веднаш по контролната на Прилепско езеро заостана. Со Марија се движевме заедно до контолната на патот за Дабница каде што отпаднав и јас поради јакиот ритам кој го држеше на искачувањето кон Трескавец. Само што пристигнав на контроланата Трескавец ја забележавме Марија како мавта незнаејќи во која насока да појде. Откако го фати вистинскиот правец за кратко и се приклучив кај сајлата. Веќе беше прилично влажно од дождот кој паѓаше па спустот бараше повеќе внимание. Неколку километри пред стартот ја престигнав Марија која финишираше само две минути по мене. И покрај освоеното прво место јас како морален победник на трката би ја прогласил Марија.
Влажното време и иделната температура резултираа со многу подобри резултати од претходната година и многу лични рекорди на оваа патека.
Огромна благодарност до сите волонтери за нивната помош, насмевки и бодрење!!!

3,2,1
Мојата омилена фотографија од овој КМТ
Контролна Присад

Финиш со мој личен рекорд
На подиум со Константин и Јовица

*фотографии на Борис Гаџовски и Бојана Бораниева

No comments:

Post a Comment