Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, July 12, 2016

ТЕТОВО-ТИТОВ ВРВ-ТЕТОВО(10.06.2016)

Традицијата на одржување на една аван(тура) годишно на Шара ја запазивме и оваа година. По обидот за трансверзала во 2014 година и успешното завршување во 2015 година од Старо Село до Попова Шапка преку Титов Врв оваа година со Александар Симјаноски се решивме на пократка варијанта од Тетово до Титов Врв и назад. 

Старт плоштад Тетово
Логично беше патеката да ја поделиме на два дела и тоа од Тетово до Шапка, дел кој ни беше тотално непознат, и од Шапка до Титов Врв, дел кој решивме да го одиме по Вакуф заради брзината на искачувањето и ни беше добро познат. 
Стартот го направивме од плоштадот во Тетово утрото во 05:10 и по кратко движење по асфалтниот пат кон Шапка свртивме по широк земјен пат пратејќи го ГПС записот. Кратенките претежно водат по козји разгазени патеки на места обраснати. Единствената пречка ја имавме пред с.Гајре кога налетавме за ограден простор па моравме преку да минуваме преку приватен имот. Генерално патеката ги прати столбовите од поранешната жичара а по меѓустаницата кај с.Лисец буквално минува покрај нив се до излегувањето на асфалтниот пат. Со сите овие кратенки должината од Тетово до Шапка е точно 10км. Потоа се спуштивме кон хотелот Тетекс и се движевме кон Церипашина, потсетувајќи се на двата ВК кои ги имавме таму, се до излегувањето на Вакуфската патека која според мене е една најубавите патеки за трејл трчање во Македонија. На Титов Врв бевме за 3:53 и по кратка пауза започнавме да се спуштаме назад. Имавме облачно време речиси идеално и освен над Тетово жештина воопшто и да не почуствувавме. За назад ја следевме скоро истата патека со тоа што најдовме уште една кратенка која не спушти директно на остата кривина од 180 степени веднаш над Тетово. И повторно бевме на плоштад за 06:20. 

По Вакуфска
Титов Врв како за крај на искачувањата. Кога го погледнавме Бакардан ни беше мило што не моравме да го качуваме
Титов Врв по 3:53
Повторно на плоштад за 6:20
По ваквата успешна авантура почнуваат да ми се мотаат низ глава уште неколку како што се: Штип-Туртел, Кочани-Царев Врв(Руен), Виница-Лисец, Битола-Пелистер, Богомила-Солунска Глава, Струга-Црн Камен...

П.С. Се надевам дека годинава  ќе успееме да направиме уште авантура на Шара! 

No comments:

Post a Comment