Next race: www.highscardusultra.com

Thursday, June 30, 2016

Витоша 100(18-19.06.2016)

Иако официјалното лого и назив на настанот гласи Витоша 100 сепак се работи за 90к што ни малку не го намалува предизвикот и задоволството од поминатите километри дали со велосипед или со трчање или комбинацијата од двете. 
Велосипедистите стартуваа утрото на 18.06 од 06:00 додека тркачите на полноќ. Интересно е тоа што дуатлонците без разлика со кое време ќе финишираа во велосипедската дисциплина со трчањето започнуваа исто како и сите тркачи на полноќ.
Екипата од тркачи беше составена од Јовица Стојановски-Тајфун, Борче Милоскоски, Светлана Стојаноста-Ивановска, Никола Цицовски, Александар Кирковски и Жикица Ивановски, а како логистика беше Данчо Марковски.
Патеката во принцип е доста трчлива со неколку асфалтни делници но и прекрасни шумски сингл-трек патеки како и широки земјени патишта. Контролните пунктови беа максимално опремени со храна и течности а волонтерите прекрасни. Организација на високо ниво каква што сме навикнати да гледаме на трките во Бугарија.

Профил на патеката
Конкуренцијата исто така на високо ниво, знаејќи дека Бугарија има одлични тркачи и во машка и во женска конкуренција.

Светле и Јовица
После толку години конечно бевме на Витоша 100 и поминавме одлично време таму. Можеби и затоа е најпопуларна трка/настан од ваков карактер во Бугарија. Препорака до сите кои сакаат да се пробат на ултрамаратонска патека ова е вистинската патека!
Резултати! 
Запис од Garmin Connect!

1 comment: