Next race: www.highscardusultra.com

Friday, August 7, 2015

Shara Sky Race(02.08.2015)

Замислете трка на Шар Планина. Со старт од Штрпце, Косово и завршува во Старо Село, Македонија. На тоа додајте одлична маркација и четири окрепни станици. Од кои две над 2000 м.н.в. Додате и волонтери кои со нетрпрение го очекуваат секој натпреварувач и веројатно пред Вас ја имате Шара Скај Рејс. Првата прекугранична трка на овие простори. За одличчната организација се потрудија Skyrunning од Србија, Бели Вук од Штрпце, Косово и TREX од Македонија. На нас тркачите ни остануваше само да ја доживееме оваа убавица од трка. За сите натпреварувачи имаше бесплатен превоз од Белград и Скопје, ноќевање во спортската сала во Штрпце како и ручек во Штрпце и Старо Село. И повеќе од доволно. 


Поглед од Штрпце кон Шара
Во поглед на теренот трката имаше буквално се. Од стрмни и благи искачувања до технички спустови, изохипси, благи спуштања, висина над 2500м...  Повремени наоблачувања на висини од 2000м и многу топло и влажно во пониските делови но сепак без олујни дождови како што може Шара да приреди, не одеа многу во прилог на тркачите. 

Окрепа под Прибег која два пати „посетувавме“
Првата контролна точка, Брезовица, на 9км и речиси 1000м +Д беа сосем доволни да се запознаеме со тежината на трката. Мал спуст па долго искачување кон Пирибег. Широк земјен на места пресечен со неколку извори, идеални за разладување. На ред е втората контролна точка под седлото на Пирибег, негово искачување и повторно на контролна точка. Идеално решение со тоа што два пати се минува на контролна точка па можеш да добиеш двојно освежување. Изохипсата до седлото на Љуботен на делови добра за трчање на делови претешка нуди прекасни погледи кон Љуботен, Ливадичко Езеро... Уште една контрола на седлото па следи најбруталното искачување на Љуботен од неговата западна страна. За тежината да биде на константо високо ниво следи технички спуст до домот Љуботен и последната контролна точка. Последните 7км се трчаат исклучиво по широкиот земјен пат до Старо Село каде што на финишот бевме пречекани од организаторите и жителите на Старо Село. 

Се е полесно во друштво
Лично премногу патев речиси од самиот старт па до финишот. Овојпат не осетив лесен дел како на некои други трки. Се борев со влагата, жештината, стрминаната, косината... Но и покрај тоа се трудев да уживам. Сепак тоа се ретки моменти. Единствено зажалив кога го здогледав Ливадичко Езеро и пропуштената шансата од разладување во него. 

Најбрзите во женска и машка конкуренција
Како за крај би им се заблагодарил на сите вклучени во одличната организација што ни ја пружија ова единствена можност да поминеме само еден мал дел Шара.

No comments:

Post a Comment