Сабота. Искачувањето кон Митикас се решивме да го направиме преку домот Петроструга, врвот Скурта и Платото на Музите. Прогнозата најавуваше дожд и снег на повисоките места но освен слаби провејувања на снег, студ и намалена видливост не искусивме нешто друго. Од платото на Музите се упативме кон домот Апостолидес и од таму кон Зонарија до кулоарчето под Митикас. По мало колебање петмината се упативме нагоре кон врвот. Таму веќе нашите колеги од ПСД Макпетрол и некое време уживавме во заедничкото друштво. Спуштањето го направимве преку Сколио, домот A и во Прионија. Се на се имавме прекрасен ден поминат на една импресивна планина. Морето беше неодминлово, па по едно кратко капење(осолување) решивме дека потребен ни е добар одмор за утрешниот ден. Барајќи интернет за инфо мислите ни беа во Кортина каде нашите колеги настапуваа на Лаваредо Ултра Трејл и Кортина Трејл.
Недела. Втор ден по ред будење во три часот по полноќ. Ретко кога ми се случувало. Имаме доволно за припрема. Јас за стартот на Олимп Маратон а Трајче, Софија и Светле за прошетка по реката Енипеас и моја подршка. Директно се упатуваме кон Дион, стартот на трката, кој сеуште е во мрак, . Патеката идентична како и минатата година(извештајот од лани), добро позната и по тежина и по убавина. Стартуваме во точно закажаното време. Уште на стартот се сместив некаде во позадина и минував колку што можам повеќе луѓе на 6 километарскиот асфалтен пат за што подобра позиција на искачувањето кон Петроструга. Добро се движам по угорнината и за среќа не чувстувам умора од претходниот ден. Стартував со појас околу половината со малку изотоник, нешто гроздов шеќер и една алва. Изотоник консумирав и преку целата трка а од храна неколку бисквити, малку чоколада, банана, два гела и мојата резерва.
Петроструга, Скурта истата патека од претходниот ден но во уште подобро издание. Фрлам погледи на сите страни. Кон Тронот на Зевс, Стефани, Зонарија и трчам колку што можам низ Платото на Музите за да стигнам до домот Христос Какалос. Патеката потоа продолжува во изохипса под највисоките врвои на Олимп. Понекаде има и публика и тоа прилично расположена. Следи спуштање со домот А. Ја среќавам минатогодишната победничка Христина Козарева која очигледно има лош ден.
Второпласираниот Кирил Николов |
Прионија |
Претходниот ден на спуштање паднав два пати пешачејќи и се сомневав во моето спуштање за време на трката. За среќа лесно стигнав до домот. Спустот е претежно земјен со камења и безброј серпентини. Од домот се гледа само дел од уште пострмното спуштање кон Прионија. Се трудам да спуштам колку што можам побрзо и побезбедно. На два пати се спремнав но за среќа се помина во ред. Овде спустот и се до крајот е исполнет со камења, корења и безброј скалила од кои штрчат арматурни шипки кои ги потпираат.
На Прионија ги среќам Светле, Софија и Трајче кои пријатно ме изненадија со своето ненајавено присуство. Убаво е чувството да сретнеш блиски луѓе при вакви напори. Продолжувам понатаму. Се ми е познато од лани. Психички сум спремен за предизвиците што следуваат но физички почнувам да паѓам. Транзициите од стрмно спуштање по земја, корења, камења, скалила а потоа стрмно искачување најчесто по скалила буквално ме истрошија. Неколку километри пред крајот се запознавам со Манолис, негово прво учество, и буквално секој негов збор до крај во однос на патеката е псовка. Литохоро е веќе на видик и остануваат уште 2к. Се догавараме да финишираме заедно но неговата возбуда е толку голема што едвај можам да го пратам. Стигнуваат аплаузи од децата волонтери и гостите во локалните кафеани. Заедно влегуваме во финишот со време од 6:45:29. Светле, Софија и Трајче се таму за да ме пречекаат но и во улога на промотери на Крали Марко Трејл.

На финишот со Манолис |
Потајно во себе се надевав дека можам да направам подобро време од лани но искачувањето на Митикас во такво друштво кое никако не сакав да го пропуштам, недоволните тренинзи кои доведоа и до пад на мотивацијата кореспондираа со истрчаното време.
Инаку оваа година конкуренцијата беше страшна, со дури 4 натпреварувачи во машка под 5 часа, првата во женска конкуренција под 6 часа и втората и третата под 6:05. (Резултати)
Огромна благодарност до Вас, Светле, Софија и Трајче за подршката што ми ја дадовте!!!
Следуваше задолжително осолување и спремање за назад додека Олимп веќе наголемо почнуваше да се мурти.
No comments:
Post a Comment