Насловот всушност требаше да гласи да гласи Попова Шапка-Среден Камен-Титов Врв-Бакардан- Попова Шапка. Тоа беше првобитно замислено. Но на Шапка каде не чекаа Јоцо и Стефан стигнавме релативно доцна. Тоа беше и првата грешка. Не губевме време и веднаш по бандерите кои водат во правец на Јелак се упативме во правец на Плат и Горна Лешница. Широк пат за трчање и уживање во убавините на Шара. Пред свртувањето за Плат наидовме на голем поток но сепак најдовме добар премин. Попатно ги сретнвме и Марина и Ѓоре кои се упатија кон Плат. Овде патеките се прекрасни за трчање и во многу потсетуваат на Алпи на места каде што сме трчале. Наидовме и на неколку снежни остатоци кои беа доста цврсти да се гази под нив.
Убав спуст не доведе до Горна Лешница од каде требаше да започнеме со сикачување на Среден Камен. Не се сеќавам дали од претходно го испланиравме ова искачување но делуваше доста предизвикувачки особено приоѓајќи од седлото на Плат. Имавме мали потешкотии со проѓањето на реката кој буквално ги мрзне стапалата. Стефан, Светле и јас помивме боси, Јоцо со патики а Мики сепак успеа да најде еден снежен нанос со нафрлени борови гранки кој нудеше безбеден и сув премин. Искачувањето на Среден Камен е навистина е напорна активност и до сега не можам да се сетам да сум качувал нешто толку стрмно пеш.
За наша несреќа времето почна да се влошува и само пто стигнав нешто пред врвот ги видов Мики и Стефан во близина на седлото кај локвата во правец на Титов Врв. Јоцо не’ чекаше некаде пред врвот мене и Светле и почна да паѓа ситен град. Само што му реков на Јоцо дека и да врне не е страшно кога го слушнавме првиот грмеж кои понатаму почнаа да удараат рафално. Се спуштивме малку подолу да ја пречекаме Светле и решивме да продолжиме надолу во правец на Горна Лешница. Само што се разведри малку го видовме Мики на сртот кон Титов Врв како довикува дека некаде се разминале со Стефан. Затоа Јоцо се реши да му помогне на Мики и се упатија кон Титов каде за среќа Стефан ги чекаше.
Светле и јас безбедно се спуштивме во бачилото на Горна Лешница каде успеавме да запалиме оган и да се стоплиме. Сеуште врнеше и грмеше па немавме потреба да брзаме. Кога конечно се решивме да тргнеме настапи потполно разведрување што само уште еднаш не’ потсети на непредвидливоста на планините. Сепак бевме свесни дека втората грешка е временската прогноза која доста несериозно ја разгледавме. Трета грешка е несоодветната облека која ја поневме доаѓајќи од места кои се доста пониско и многу потопли. Дел со трчање дел со одење си стигнавме на Шапка каде Јоцо, Мики и Стефан не’ пречекаа успешно спуштајќи се од Титов Врв преку Вакаф.

Уште една корисна лекција која ни ја понуди Шара не’ потсети дека особено високите врвови и кај нас бараат сериозен пристап и планирање.
No comments:
Post a Comment