Next race: www.highscardusultra.com

Friday, April 17, 2015

Околу Охридско Езеро со точак(11.04.2015)

Од неколкуте неработни денови поради велигденските празници ја избравме сабота како ден со најдобра временска прогноза и речиси и да не погреешивме. Иако утрото беше студено поради што добивавме „прстобол“(смрзнати прсти) сепак во текот на денот уживавме во прекрасното време. 

На стартот во Драслајца
Тргнавме од Драслајца и се движевме по главниот пат кон граничниот премин Ќафасан(за да се направи што поцелосен круг потребно е да се оди преку Калишта). До Ќафасан е речиси константна угорнина која не надминува 10%. На граница како и обично не пречекаа млитави и спори граничари и на двете страни поради што добро се оладивме. 

После Ќафасан
По Ќафасан пак следува заслужен спуст се до местото Лин во Албанија. Овој дел е посебно прекрасен и поради спуштањето и поради погледите а и поради тоа што потоа налетавме на работа на патот се до Поградец. Од Лин до Поградец се вози покрај самиот брег и погледите на езерото и побелената Галичица беа прекрасни. Овој дел патот кој што моментално е во изградба беше покриен со тампон и имаше голема фрекфенција на возила па прашината беше неодминлива. 

Патот во изградба
Во Поградец направивме кратка пауза за да се насладуваме на убавините на езерото од оваа страна. Одминувајќи го Поградец налетавме на одводна цевка која испушташе пена и некакви хемикалии во езерото кои ја нарушуваа темно сината езерска боја. Наредниот граничен премин е на околу 50км од зацртаната рута. И повторно бевме во Македонија. И покрај празниците сепак не налетавме на премногу сообраќај па остатокот помина доста релаксирано. Втора подолга пауза направивме на Градиште кај наколната населба. 

Поглед од Поградец на Галичица
Некои чудни води 
До Охрид возевме по главниот пат иако постоше можност и преку Студенчишта и Билјанини Извори. Охрид-Струга извозивме по стариот пат  и преку Струга пак во Драслајца за 100км на рамно.

Бункер но на македонска страна
Наколната населба
Засега освен патот што се реконструира во Албанија останатото е комплетно асфалт но се додека не се финишираат работите на патот посоодветно е да се вози со маунтин бајк. Турата е одлична но треба да се преферира во денови кога има помалку сообраќај. На граничните премини ние поминавме со пасоши а дури можеше и со лични карти.
Како идеја за некој нареден период ја имам истата оваа тура но со трчање. До тогаш лесно возење!

-GPS запис од турата

No comments:

Post a Comment