Иако официјалното лого и назив на настанот гласи Витоша 100 сепак се работи за 90к што ни малку не го намалува предизвикот и задоволството од поминатите километри дали со велосипед или со трчање или комбинацијата од двете.
Велосипедистите стартуваа утрото на 18.06 од 06:00 додека тркачите на полноќ. Интересно е тоа што дуатлонците без разлика со кое време ќе финишираа во велосипедската дисциплина со трчањето започнуваа исто како и сите тркачи на полноќ.
Екипата од тркачи беше составена од Јовица Стојановски-Тајфун, Борче Милоскоски, Светлана Стојаноста-Ивановска, Никола Цицовски, Александар Кирковски и Жикица Ивановски, а како логистика беше Данчо Марковски.
Патеката во принцип е доста трчлива со неколку асфалтни делници но и прекрасни шумски сингл-трек патеки како и широки земјени патишта. Контролните пунктови беа максимално опремени со храна и течности а волонтерите прекрасни. Организација на високо ниво каква што сме навикнати да гледаме на трките во Бугарија.
![]() |
Профил на патеката |