Продолжениот велигденски
викенд решивме да го искористиме за посета на Струга. На 30 Април ми беше
роденден и за да го прославиме соодветно Жико предложи една интересна
велосипедска тура.
Тргневме од влезот на
националниот парк Галичица возејќи накај граничниот премин Св. Наум од каде
влеговме во Албанија.
Поминувајќи ја границата
многу брзо стигнавме во Поградец. Незнаејќи точно каде треба да се движиме
навлеговме во централниот дел од градот каде заглавивме туркајќи ги точаците во
пазарот на Поградец. Многу луѓе, неасфалтиран пат и коли насекаде околу нас.
Над Поградец |
Некако успеавме да
излеземе од гужвата и се упативме по нас логичен правец. Сретнавме еден
мештанин со кој едвај се разбравме каде сакакме да одиме но сепак не упати човекот во
вистинска насока. Полека почнавме да се искачуваме над Поградец на еден рид од каде го имавме еден од
најубавите погледи на Охридското Езеро.
Од таму се спуштивме во Подгорие. Возевме по прекрасни зелени предели опкружени со високи планини.
Поминавме покрај повеќе населени многу хармонични и мирни места. Покрај реки и
едно многу питомо вештачко взеро.
Времето беше совршено ни
многу топло ни ладно.
Додека минувавме по
селата низ Албанија децата беа многу гостопримливи и љубопитни. Трчаа по нас и
ни викаа на англиски „хелоу“. Ние им одговаравме на македонски надевајќи дека не
разбираат.
Пустец со островот Мал Град |
Турата ја планиравме да
биде околу 90 км. Според тоа и не понесовме нешто многу храна бидеќи планиравме
да бидеме дома после пладне и да ја сечеме роденденската торта.
Кога го поминавме регионот Подгорие дојдовме до автознак кој го покажуваше патот за Корча. Многу сакам да
го посетам овој град. Имам слушано од мој другар дека е многу
убав и развиен град. Ама според временскиот тајминг веќе беше доцна за додани
километри на патувањето и затоа решивме посетата на Корча да ја оставиме за
некој нареден пат.
Се упативме по широки
серпентини горе накај висок премин за повторно да може да влеземе во Македонија
од Преспанска страна.
Кога го искачивме
преминот пред нас се отвори прекрасна глетка на Преспанско Езеро со островот
Мал Град во него. Во подножјето се
гледаше Пустец. Мало населено место со збиени куќи една до друга. Крајбрежјето
околу Преспанското Езеро беше искористено за ниви. Покрај патот кај што
минувавме сретнавме една фамилија која сеуште земјата ја обработуваше на
примитивем начин правејќи бразди за садење со плуг кој го влечеа две магариња.
Поради почит кон луѓето и нивната напорна работа ни беше незгодно да застанеме
и да сликаме. Некако ни изгледаше глупав тој гест.
Спомен на албанските партизани |
Само што влеговме
повторно на македонска страна се сретнавме со двајца велосипедисти од Кичево кои
решиле да направат повеќедневна тура тргнувајќи од Кичево –Битола-Ресен
–Албанија –Корча-Охрид-Струга-Дебар-Кичево. Направивме неколку слики за спомен
и продолживме секој по својот пат. Набрзо се спуштивме во Стење од каде
започнавме да се искачуваме кон превојот на Галичица. Асфалтот беше одлично зачуван и доста
благо ја искачуваше висината. За луѓе со средна физичка подготвеност ова
искачување би било без никаков проблем. Искачувањето беше околу 15 км. Потоа
следуваше стрмоглав спуст од 12 км до влезот/излезот во националниот парк Галичица на 2
км од Трпејца. И спустот не беше воопшто лесен иако траеше многу пократко од
искачувањето. Мускулите на рацете ми беа здрвени од постојаното стегање на
кочниците.
Островот Голем Град |
Со еден од „колегите“ |
И на крај торта за 33 роденден |
Вкупно поминавме километри
117 без храна во последните неколку часа. Издржавме машки и ни беше многу мило за
поминатата рута.
Фотос: https://goo.gl/photos/CX7BPhbyTH5W7PSQ7
Фотос: https://goo.gl/photos/CX7BPhbyTH5W7PSQ7
Светлана Стојаноска Ивановска
No comments:
Post a Comment