Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, September 23, 2014

Среден Камен Вертикал Километар(21.09.2014)

Четвртиот по ред вертикален километар се одржа на најживописна локација до сега, од Горна Лешница до Титов Врв. Она што изненадува беше пријавениот број на натпреварувачи, најмногу до сега. Има најверојатно некоја пропорција помеѓу тежината и пристапноста на теренот и бројот на пријавени тркачи. 
Поради подоготовка на патеката една група на волонтери замина за Горна Лешница од сабота утрото. Ние четворица(Светле, Ангел, Мики и јас) пристигнавме на Попова Шапка доцна поладнето и поради дождот кој упорно паѓаше решивме да преспиеме во Смрека.
Утредента се упативме пеш кон Горна Лешница преку седлото на Плат уживајќи во прекрасните пејсажи на сите страни. Останатите пристигнаа со возила до бачилото од каде по убаво измаркирана планинарска патека се стигнува до Горна Лешница.




Неколку минути пред 10:00 сите кои имаа намера да се натпреваруваат се построија пред црвено-белата линија. Претходно добивме инструкции од Трајче(на огромно задоволство на сите реши да се натпреварува) за насоката на движење и резервите на вода по пат и на врвот каде беше чекаше Александар Буцевски. Стартувавме 26 натпреварувачи од кои само 3 во женска конкуренција. Дуваше доста силен ветар кој повремено ги чистеше облаците и давеше добра прегледност. Речиси сите ги пропуштивме резервите со вода кои се наоѓаа на седлото под Среден Камен до малото езерце. Како што се искачувавме кон Титов Врв следјќи го сртот видливоста стануваше се помала а теренот исполнет со многу карпи и камења кои даваа дополнителна тежина на оваа трка.





Уште на самиот старт се оддели Марјан Бонев(0:57:14) и постојано ја зголемуваше предноста. Како втор бев јас(1:01:49) а трет Александар Кирковски(1:01:57) кој беше неколку секунди позади. Во женска конкуренција Светле(1:25:44) беше прва, Тања Манчева(1:31.37) втора и како трета финишираше Марија Смокварска(2:13:00)

За крај следуваше прогласување каде првите тројца во машка и женска конкуренција добија медали а сите учесници дипломи.



Огромна благодарност до сите што земаа учество на овој настан и секако големо БРАВО за организаторите/волонтерите(ПСД Макпетрол и ТРЕКС) кои се потрудија да имаме ваков настан на еден од најубавите предели на Шара. 


П.С. Се гледаме на Крали Марко Трејл!


No comments:

Post a Comment