Деновите до нашиот прв ултрамаратон за оваа година полека наближуваат а со тоа се зголемуваат и должините на тренинзите кои обично ги правиме за време на викендите. Изборот овој пат падна на Катланово. Имавме две варијанти, од 20k и 55k, со старт од Катлановска бања. И за двете варијанти имаше одличен интерес од заинтересираните за овој настан.
Нашата група задолжена за 55k се движеше на релацијата Катланово-Ново Село-Пакошево-Блаце-Кожле-влив на Пчина во Вардар-Кожле-Бадар-Брезница-Катланово. Претежно трчавме по широки земјени патишта со мали исклучоци на асфалт. Посебно атрактивни се деловите покрај реката Вардар и од вливот на Пчиња во Вардар кон Кожле како и од Брезница кон Катланово.
| После Катлановска бања |
| Иделани услови за трчање |
| Зелена зима |
| Си трчкаме си уживаме |
| Трансформерс |
| Патеката покрај Вардар |
| Пчиња во Вардар |
| Мојот омилен дел, паралелно со автопатот Скопје-Велес |
| Кон село Кожле |
| Од Брезница кон Катланово |
| Завршните делови пред Катланово |
![]() |
| Мапа на рутата |
![]() |
| Профил на рутата |


No comments:
Post a Comment