Тргнавме од Папрадиште по ново маркираната патека преку Даутица до Солунска Глава. Патеката е одлично измаркирана и прилично лесна. Најстрмниот дел се наоѓа пред самиот врв. Прекасен есенски ден створен за вакви искачувања. Единствено пред самото искачување на врвот времето се „затвори“ за кратко и почна да дува северен ветар. Затоа и го одложивме планираното излежување на самиот врв. За назад се решивме да одиме преку планинарскиот дом Чеплес и назад пак до Папрадиште.
| Од Папрадите кон Даутица по новите маркации |
| Изохипса до подножјето на врвот |
| Убави пејсажи |
| Најстрмното за крај |
| Преубави глетки |
| Мала гужва на врвот |
| Мики, Барон и Донче на врвот |
| За жал имаше малку вода |
| Кон Чеплес |
| Карпите на Солунска |
![]() |
| Една групна кај Чеплес |
| По живописната патека до Папрадиште |
*фотографија 11 Петар Герасимов

No comments:
Post a Comment