Неделното долго трчање овојпат го резервиравме за Матка-Водно. Тргнавме со автобусот во 7:00 од Скопје кон Матка, Јовица, Ѓоре, Светле и јас. Самата помисла на студените дрвени седишта ме одбиваше од возењето со автобусот но за среќа патувавме со нешто понов бус.
![]() |
Од Матка кон Водно |
Од последната станица веднаш почнавме со искачување кон Св. Никола Шишевски повремено трчајќи. Од Св. Никола Шишевски до сртот кон Водно води прилично стрмно искачување.
![]() |
Кратка пауза за чај па се упативме кон котата |
На врвот на Водно се разделивме со Ѓоре кој одлучи да продолжи кон дома, а ние се продолживме кон котата. Овде треба доста внимателно да се трча поради камењата кои што се присутни. Повторно имавме кратка пауза и следуваше спуштањето кон детското одморалиште и Средно Водно.
![]() |
Одлично време, одлични патеки за трчање |
На Средно Водно не напушти Јовица па за да имаме што поголема километража решивме да појдеме кон Марково Крувче и пак назад. Спуштањето од Средно Водно го направивме дел по асфалтот дел по патеките.
![]() |
Мапа на патеката |
Од полициската станица до кејот на Вардар веќе имавме 40km што беше сосем доволно за овој неделен долг тренинг.
![]() |
Профилот на патеката |
Вака одеа времињата:
Матка-Св. Никола Шишевски 2.18km 0:27:09
Св. Никола Шишевски-врв Водно 9.28km 1:28:32
врв Водно-кота 7.17km 0:51:02
кота-детско одмаралиште 6.08km 0:44:12
детско одмаралиште-средно Водно 2.67km 0:16:09
средно Водно-Марково Крувче 2.11km 0:13:09
Марково Крувче-Средно Водно 2.00km 0:12:15
Средно Водно-полициска станица 4.17km 0:24:23
полициска станица-кеј на Вардар 4.46km 0:25:12
No comments:
Post a Comment