Уште со самото појавување овој настан го разбуди љубопитството во нас. Побрзавме да се пријавиме за да го фатиме рокот од 5евра до 15 мај после кој котизацијата изнесуваше 15 евра. Прифатлива цена со оглед на тоа дека на котролните точки единствено беше обезбедено вода. Стартот беше во селото Дојкинци одалечено 40км северо-источно од Пирот. Патот до таму исполнет со многу кривини и дупки што бара многу внимателно возење.
Копрен(1963m) е еден од највисоките врвови во Србија(инаку највисок е Миџор со 2169m и воедно највисок врв во Србија) на планинскиот масив Стара Планина, кој се протега од југо-источниот дел на Србија па се до Црното Море, и се наоѓа на самата граница со Бугарија.
![]() |
Вежбавме и движење со стапови |